More

    Егзодусот на Ерменците ги стави работите на коцка

    spot_img

    Еднодневниот конфликт во Нагорно-Карабах во кој повеќе од 100.000 Ерменци кои живееја во регионот во големи автомобилски колони да го напуштат Азербејџан, фрла сенка и врз она што се случува меѓу Брисел и Баку. Западните медиуми пишуваат дека дуплираните количини природен гас кои беа договорени да се испорачаат за оваа зима во ЕУ висат на конец.

    Договорот за дуплирање на количините беше потпишан лани во јули, кога ЕУ стравуваше дека ќе изгуби 180 милијарди кубни метри гас од Русија поради војната во Украина. Документот предвидува испорака на 20, наместо 10 милијарди кубни метри гас до 2027 година.

    Договорот не е обрзувачки, а фактот што ЕУ за зимава ги наполни резервоарите за гас до 90 отсто направи и Брисел и Баку да не се брзаат со одлуката, пишува Еуразианет.

    Осуди за настаните во Нагорно-Карабах стигнаа од повеќе страни во Унијата, а претседателот на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, рече дека секоја принуда на ерменското население да се отстрани од регионот ќе има сериозни последици за односите на ЕУ со Азербејџан.
    Трите гасоводи кои го сочинуваат Јужниот гасен коридор на Европа не добиле потврда за проширување на количините, што би значело нови инвестиции во опрема, компресори и логистика. Меѓу гасоводите е и ТАНАП кој е во 58% сопственост на Азербејџан, 30% на Турција и 12% на БП. ТАНАП од 2020 година испорачува 10 милијарди кубни метри годишно гас за Европа.

    Рутата за енергенси преку Азербејџан до Европа му е битна и на рускиот претседател Владимир Путин. Преку нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан руската нафта пристигнува во Турција, каде што бидува преработена и препродадена во Европа, со што се избегнуваат западните санкции за Москва.

    Сега, Турција може да биде решение и за спрегата меѓу ЕУ и Азербејџан. На вакво мнение е турскиот министер за енергетика Арпарслан Бајрактар. Тој вели дека во Анкара може да се изгради центар за трговија кој ќе ги поврзува четирите гасоводни врски на земјата. Гасот би се тргувал на берзата „EPIAS“.

    Иако деталите допрва треба да се финализираат и да се објават во јавноста, она што го предвидува Анкара е трговска точка слична како ТТФ(Тајлт Трансфер Фасилити) во Холандија каде што се тргува со гас којшто пристигнува од повеќе извори или преку цевковод или како течен природен гас.

    Во меѓувреме војната во Украина направи Европа да се соочи со невиден скок на цените на енергијата. На ЕУ ѝ недостигаше природен гас ЛНГ и мораше да го зајакне своето производство на јаглен, да реактивира некои од нуклеарните реактори, а на сметка на своите зелени политики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img