More

    Египетските власти ќе потрошат 35 милијарди долари за да изградат нов град

    spot_img

    Египетските власти ќе потрошат 35 милијарди долари за да изградат нов град. Проектот ќе го гради компанија од Обединетите Арапски Емирати. Градот, кој ќе се вика Рас ел-Хекма ќе се гради на северозападниот брег на државата, и ќе биде нов масовен бизнис и туристички центар. Се очекува дека новиот град ќе привлече 8 милиони туристи во Египет.

    Проектот, исто така, вклучува големо пристаниште за туристички јахти и бродови како и нов меѓународен аеродром.

    – Проектот западно од Александрија ќе го имплементираат компании кои се во сопственост на Абу Даби. Непосредните директни странски инвестиции ќе му помогнат на Египет да ја надмине моменталната криза со националната валута – изјави премиерот на Египет, Мостафа Мадбули.

    Тој очекува дека инвестициите на ОАЕ во текот на реализацијата на проектот ќе достигнат минимално 150 милијарди долари. Како што истакнаа властите, проектот за новиот град ќе опфати станбени квартови, престижни меѓународни хотели, туристички населби, простори за забава и услужни објекти, како и централен бизнис кварт, кој ќе привлече глобални компании.

    Египет и Емиратите со овој договор се обврзаа да развијат меѓународен аеродром кој треба да се наоѓа јужно од градот.

    – Египет ќе добие директно 24 милијарди долари во две рати со вкупен износ на почетната инвестиција од 35 милијарди долари. Во меѓувреме, ОАЕ ќе одреди свои 11 милијарди долари странски депозити во Централната банка на Египет. Тој чекор ќе го намали странскиот долг на државата – изјави премиерот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img