More

    Египет откри детали од планот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

    spot_img

    Израелските и арапските медиуми денеска објавија дека Египет, земја која граничи со Појасот Газа, претставила нов предлог за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

    Би-би-си јавува дека, според египетскиот предлог, прекинот на огнот би се спроведувал во три фази. Се наведува дека првата фаза предвидува хуманитарна пауза во борбите во траење од 7 до 10 дена во која Хамас ќе ги ослободи сите цивилни заложници во замена за некои од Палестинците кои се држат во израелските затвори.

    Во текот на втората фаза, која ќе трае една недела, Хамас ќе ги ослободи сите членки на израелската армија во замена за повеќе палестински затвореници и размена на тела кои двете страни ги држат од 7 октомври.
    Според планот што го објави Египет, последната, трета фаза би траела еден месец, при што би биле ослободени сите преостанати заложници и одреден број палестински затвореници, а Израел треба да ја повлече војската од Појасот Газа и да ги прекине сите воздушни активности.

    Би-би-си јавува дека индиректни преговори меѓу двете завојувани страни ќе се водат во Египет со учество на делегации од Катар и САД. Се наведува дека неименуван израелски извор за весникот Марив изјавил дека оваа египетска иницијатива може да доведе до преговори.

    Хамас соопшти дека го проучува предлогот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img