Еднодневниот штрајк на машиновозачите заврши, ќе добијат додатоци на платата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
- Advertisement -
Ad image

По еднодневен прекин на сообраќајот на возовите во земјава поради штрајкот на машиновозачите, попладнево во 14.30 часот, со повторно пуштање во сообраќај на возот Скопје – Битола преку Велес и Прилеп, повторно е воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, информираат за МИА од Железничката станица Велес.

Следен воз е возот кој од Скопје за Гевгелија поаѓа попладнево во 16.55 часот.Според информациите, прекинот на железничкиот сообраќај бил поради неисплатени додатоци на плата на машиновозачите и на кондуктерите за поминати километри и за минат труд, кои, по еднодневен штрајк, им биле одобрени од раководниот тим на ЈП Македонски Железници транспорт.

Инаку, поради штрајкот на машиновозачите и вчера и ова утро голем број патници од Велес и од другите попатни станици, најмногу од нив работници, ученици и студенти кои секојдневно патуваат за Скопје и имаат купени месечни билети од Железница, мораа да дадат дополнителни средства и до Скопје, наместо со воз, да патуваат со автобус. Голем дел од нив реагираат дека утрово дале дополнителни средства и задоцниле на работа или на училиште.

Како што информираат од Железничката станица во Велес, попладнево и утре утрината сите возови од Скопје и од Велес за Скопје и до останатите дестинации ќе сообраќаат според возниот ред.

Share This Article