More

    Едно ветувала на состанок во кабинетот, а друго направила на седница на Влада

    spot_img

    Македонска филхармонија ја повика денеска министерката за култура Бисера Стојческа Костадиновска да ја промени одлуката за вдомување на НУ Џез оркестар во објектот на Филхармонија како што ветила, а во спротивно ќе побара нејзина оставка преку протести.

    – Не е возможно два оркестра во зградата да функционираат како два посебни правни субјекта. Зградата е проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар. Реално не е возможно да функционираат две национални устави, два оркестри со годишна програма. Здружението на џез музичари на Македонија (ЗЏМ) досега реализирале по два-три концерти годишно, што е сосема различно од бројот на концерти кои ќе треба да ги реализираат како Национална установа – рече Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија.

    Како главен создавач на проблемот Лазаревски ја наведува министерката за култура Бисера Стојческа Костадиноска, која донела одлука за формирање на НУ Џез оркестар без претходна консултација со директорот, Управниот одбор и вработените во Филхармонија, наметнувајќи, како што вели, „привремени“ решенија кои ќе створат траен проблем.

    – По потпишувањето на петицијата од 108 вработени нѐ удостои со средба во кабиентот. Иако пројави разбирање за нашата петиција и вети дека на првата владина седница ќе ја промени одлуката за седиштето на Џез оркестарот, не го оствари ова ветување. На средбата беше договорено во интерес на културата да нема дополнителни препукувања во медиумите. Затоа беше молкот на Филхармонија, додека ЗЏМ не го одржа зборот, можеби по диктат на министерката. Ја повикуваме јавно министерката Стојческа Костадиновска во интерес на културата да ја промени одлуката за вдомување на НУ Џез оркестар во Македонска филхармонија како што вети на состанокот, за наредната владина седница. Доколку не го стори тоа ќе бидеме приморани да бараме одговорност, оставка преку јавни протести – рече Лазаревски.

    Тој се осврна на навредите и омаловажувањата кои ги добила институцијата изминативе денови.

    – Се обидувавме да не ги коментираме сите навреди, спинови и невистини, но јавноста треба да ја знае вистината. Во ниту една реакција не сме изјавиле дека сме против одлуката за формирање на националниот џез оркестар, напротив го кажуваме спротивното цело време, го поддржуваме нивното вработување, официјализирање, ниту сме против против нивни концерти во нашиот објект, за да нема забуна, зборуваме за термин – концерт, не за континуирана работа. Невистина е изјавата на нашите колеги од ЗЏМ и изјавата на министерката за култура дека тие работеле во нашата зграда 7 години. Објектот на Филхармонија во употреба е пет и пол години. Невистина и навреда е изјавата на нашиот колега Џијан Емин дека потписот на административниот работник, или пак хигиеничар, или било кој вработен во Филхармонија не е важен и не треба да е одлучувачки. Во исто време потсетуваме, дека тие вработени ги опслужуваат нив – ЗЏМ кога ги подготвуваат проектите. Најголемиот спин на ЗЏМ и Министерството за култура е дека вработените во Филхармонија се непријателски настроени кон новоформираниот Оркестар за џез – додаде тој.

    Тина Иванова, директорка на Филхармонија, рече дека од објави на портали дознала за ваквата одлука на министерката.

    – Ниту јас како директор на Филхармонија, ниту кој било вработен од Филхармонија, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект. Договори, преговори, состаноци, биле тајна. Со нас, со колективот, со уметниците музичари, со раководителот и Управниот одбор ниту збор. Ниту информација, ниту прашање, ниту разговор, ниту бутур. Да, зградата е на државата и на Филхармонија исто. Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, отсекогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ. Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот  исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот – изјави Иванова.

    Таа потсети дека оваа „филхармониска генерација“ направила уникатна и високо квалитетна програма, изведе грандиозни дела, пред полни сали и задоволна публика.

    – Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти. Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл – нагласи Иванова.

    Националната филхармонија наредната година ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од формирањето на Македонската филхармонија, а утре од 20 часот ќе го одржи концертот „Благден“ под палката на маестро Вања Николовски Ѓумар ќе биде изведено едно од најграндиозните дела во историјата на класичната музика, Петтата симфонија од Густав Малер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img