Едно лице загинало, а по четири се трага откако водата ја однела привремената брана поставена за време на реконструкција на Беломорско-балтичкиот канал во руската република Карелија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно лице загинало, а по четири се трага откако водата ја однела привремената брана поставена за време на реконструкција на Беломорско-балтичкиот канал во руската република Карелија, соопштија денес властите.

„Рано утринава пукна привремената песочна брана на Беломорско-балтичкиот канал. Во населбите кои се наоѓаат во близина уништени се 13 куќи. Едно лице загина, а девет се повредени. Седум лица, меѓу кои три деца, се спасени“, се наведува во соопштението.

Четири лица се исчезнати. На почетокот беше јавено за шест исчезнати, но две се во меѓувреме најдени. Итните служби на терен му пружаат помош на загрозеното население.

Во областа е воведена вонредна состојба.

 

 

На една од објавените снимки, една жена кажува: „Браната исчезна, едноставно ја снема.. домовите се однесени сосе луѓето во нив“.

Беломорско-балтичкиот канал го поврзува Бело Море во северозападна Русија со езерото Онега и има излез на Балтичко Море.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Привремената брана била поставена поради работи на реконструкција на каналот. Денешното пукање на браната е втор таков инцидент во Русија во последните неколку дена.

Обилните врнежи во петокот предизвикаа уривање на брана во регионот на Уралските планини во Челјабинск, каде најмалку едно лице загина во поплавата.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article