More

    Едно лице загина во катастрофалните поплави во Словенија

    spot_img

    Едно лице загина во катастрофалните поплави во Словенија. Силниот дожд предизвика големи поплави во западна, северна и делови од централна Словенија. Агенцијата за животна средина го крена алармот на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.

    Во медиумите и на социјалните мрежи се објавуваат стравични снимки за апокалиптични сцени. Податоците покажуваат дека во поплавените подрачја делови паднале над 100 милиметри дожд на метар квадратен во рок од 24 часа, колку што изнесува просечната месечна количина на врнежи.

    Објавено е дека во месноста Камник водата однела постар жител во атарот на населбата Бистричице. Утринава полицијата соопшти дека пред куќа во месноста Камник е пронајдено тело на мештанин, но дека поради поплавите полицајцие не можела да излезе на увид на местото на настанот.

     

     

     

    Според прогнозата, се очекува дождот да продолжи да врне и во сабота, а за тие делови од земјава е издадено црвено предупредување бидејќи реките во некои делови веќе се излеани.

    Во Коменда, северно од Љубљана, поради поплавите беше прогласена вонредна состојба, а од луѓето беше побарано да не ги напуштаат своите домови во Камник, каде што се затворени сите градинки бидејќи сите патишта се блокирани, пренесе агенцијата СТА.

     

    Луѓето мораа да бидат евакуирани од неколку делови на земјата, вклучително и долината Личница во општина Медводе северозападно од Љубљана.

    Врнежите предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и во северозападниот регион Горење.

    Најлоша е состојбата во областа Шкофје Лока, во долините Селац и Пољана, кои се отсечени од светот поради поплавените патишта.

    Во поширокото подрачје на Шкофја Лока поплавени се станбени, деловни и други објекти, а одрони им се закануваат на куќи и патишта.

    Свлечиште во Требија оштети пожарникарско возило, а во Цирје се поплавени повеќе од 100 згради, меѓу кои и неколку деловни објекти, додека повеќето патишта се непроодни.

    Поплавите и свлечиштата блокираа и неколку патишта во западниот град Идрија, каде што луѓето се повикуваат да не ги напуштаат своите домови, освен кога е потребно.

    Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи регистрираше повеќе од 1.000 инциденти поврзани со временските услови во рок од 12 часа низ Словенија, при што беа распоредени околу 170 противпожарни единици.

    Во текот на ноќта пожарникарите испумпувале вода од поплавените згради, ги спасувале поплавените возила, ги отстранувале остатоците од под мостовите и обезбедувале одрони.

     

    Луѓето се евакуираат

    Луѓето беа евакуирани од најмалку три кампови. Многумина нашле засолниште на покривите, каде што чекаат да бидат евакуирани со хеликоптер.

    Куќи се поплавени, а патиштата се блокирани и во други делови на Словенија, вклучително и во регионот Толмин и Корушка.

    Најобилни врнежи, од четвртокот од 16 часот до 4 часот утринава, регистрирааметеоролошките станици Пасја Раван северозападно од Љубљана со 182,7 милиметри на метар квадратен и Вогел и Рудно Поље на Алпите со над 170 милиметри.

    Повеќе од 150 милиметри дожд се регистрирани на аеродромот во Љубљана.

    Драматично спасување на жена

    Драматично видео пристигна од словенскиот град Пољана. Водата го поплавила патот каде што возачот бил заглавен во автомобилот среде порој.

    – Фала му на Бога, ја спасивме госпоѓата. Во близина се нашле двајца алпинисти. Госпоѓата е безбедна, има голема среќа што го преживеала овој хорор – изјавил еден од спасувачите Јасмин Бајректаревиќ, кој опишал што се случило со порталот Корошка Чвек.

    – Мислам дека сите бевме по малку во шок. Госпоѓата викаше за помош од автомобилот, а ние брзо реагиравме бидејќи сфативме дека пожарникарите не можат да стигнат до нас – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img