Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа утрово во Белград, кога трамвај излетал од шините и се судрил со автобус, соопшти белградската Итна помош.
Како што се наведува, оваа сообраќајна несреќа се случила околу 05.45 часот а се судриле автобус на градскиот превоз кој сообраќал на линијата 50 и трамвајот број 9. Повредени се девет патници и возачот на трамвајот.
-Двајца пациенти со тешки телесни повреди се укажани на лице место според протоколот за траума и се пренесени во Ургентниот центар за понатамошна дијагноза и лекување, а сите други повредени патници се пренесени во Медицинскиот центар на Србија – изјави д-р Бојана Аќимовиќ од Одделот за итни случаи.
Истрагата е во тек, а на местото на настанот пристигнати се 4 екипи за итна помош.