Едно лице загина, а друго тешко повредено во инцидент во холандскиот пристанишен град Ротердам кога напаѓач, извикувајќи Алах Акбар, нападнал луѓе со нож.
Холандската полиција го уапси осомничениот кој исто така е повреден.
Портпаролот на полицијата Весел Столе изјави дека полицајците го истражуваат нападот во близина на мостот Еразмус во Ротердам и засега не се познати мотивите.
Холандскиот дневен весник De Telegraaf, цитирајќи сведоци на местото на настанот, објави дека човекот по случаен избор ги нападнал луѓето со два ножа додека викал Алаху Акбар.
Случаен минувач со две палки го удрил напаѓачот и успеал да му ги скине ножевите. Тој изјавил дека прво мислел дека се работи за тепачка, но кога се доближил видел дека напаѓачот држел два ножа и со нив ги прободува минувачите.