Едно лице, осомничено за продолжено кривично дело Тешка кражба, од мај 2021 до 19 септември 2023 година, од празни викендички, на различни локации во Стар Дојран и Нов Дојран, украл вредни предмети, мебел и апарати.
Меѓу ограбените се и објекти на две правни лица, од каде биле одземени целосно системите за видео надзор-камери и рисивери, телевизори, клима уреди и друга опрема.
Осомничениот влегувал во објектите со провалување или кршење и прибавил за себе противправна имотна корист во вкупна вредност од 2.254.350 денари.
Одлучувајќи по предлог на Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор.