Едно лице е тешко повредено, а 21 побарале лекарска помош, по инцидентот што се случил синоќа пред ноќениот клуб „Централ“ во Сплит, откако стакло од излогот на стоковна куќа „Прима Град“ која е до влезот на клубот се скриши, а големи парчиња стакло се урнаа врз младите кои чекаа да влезат во клубот.
-Тешко повреденото лица е задржано на лекување во Клиничкиот центар. Останатите лица се здобиле со полесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени дома – изјавија од полицијата.
Полицијата соопшти дека првично се смета дека стаклото од стоковната куќа се скршило од притисокот на телата на младите кои нетрпеливо чекале да влезат во клубот.
Инцидентот се случил неколку минути по полноќ кога наеднаш експлодирал излогот на стоковната куќа врз младите кои чекале на ред да влезат во клубот.
„Веднаш дојде персоналот, пристигнаа пет амбулантни возила, а полицијата брзо дојде. Сите им помогнаа на настраданите. Немаше никаков инцидент, ниту конфликт, едноставно стаклото се скрши од ударот на телата – изјавија за медиумите од клубот.
Клубот веднаш беше затворен.
Утрово, како што пишува Слободна Далмација на местото има остатоци од крв, а екипи на комуналното претпријатие расчистуваат. Полицијата го обезбедува местото.