Една третина од вчерашните пожари биле на диви депонии

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден пожар е активен утринава меѓу селата Отишино и Оризари во општина Велес каде што гори ниска вегетација. Пожарникарите од Велес вчера интервенирале со 3 противпожарни возила и 11 пожарникари, а утринава, според информациите на Центарот за управување со кризи, ќе продолжат да дејствуваат.

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено од кои една третина биле на повик за гаснење депонии.

Вчера гореше дивата депонија „Вардариште“ поради што се ширеше остар и непријатен мирис во населбите кои гравитират во тој дел.

ЦУК  апелира граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

Share This Article