Една од најголемите опери на сите времиња „Пикова дама“ од П. И. Чајковски ќе биде изведена на 14 декември во 20 часот на сцената на Националната опера и балет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една од најголемите опери на сите времиња „Пикова дама“ од П. И. Чајковски ќе биде изведена на 14 декември во 20 часот на сцената на Националната опера и балет, во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна. Гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста.

Диригент е Григор Паликаров, режисер: Вера Немирова, сценограф и костимограф:Јулијан Табаков, кореограф:Анна Пампулова, а диригент на хорот: Теодора Георгиева.

Настапуваат: Валериј Георгиев, Ирина Жекова, Бојка Василева, Пламен Димитров, Иво Јорданов, Пламен Рајков, Евгениј Станимиров, Велин Михајлов, Петар Петров, Владислав Владимиров, Михаела Берова, Вјара Железова, Галина Великова, Лилија Илиева во придружба на хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.

„Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото се базира на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година, но со драматично изменет заплет. Операта е позната по својата драматична содржина, музика полна со емоции и длабока психолошка комплексност на ликовите. Ова дело ќе биде изведено од страна на врвните уметници од Државната опера од Варна, со што ќе се создаде спектакуларна вечер исполнета со магијата на операта.

Share This Article