Една ноќ со кромид во чорап прави чуда, но само две трајно го решаваат проблемот
„Нема што да изгубите ако сакате да го проверите овој метод“, вели блогерката Џенифер Томпсон, која откри дека спиењето со кромид во чорапите и помогнало да се ослободи од 90 отсто од симптомите на алергија.
Лечи настинка со кромид без да го јадеш? Невозможно! Сепак, се чини дека на оваа блогерка и успеа во тоа. Томпсон го испроба трикот со кромид за да го тестира неговиот ефект врз телото без да го внесе.
Пред спиење облекла волнени чорапи во кои претходно ставила кромид и така заспала.
„Почувствував топлина во главата, а десет минути подоцна очите почнаа да ми насолзуваат како да подготвувам ручек. Моето момче вели дека мириса на кромид во устата. Сето тоа се показатели дека нешто навистина се случува во телото, како и дека различните состојки од кромидот се впиле во организмот“, изјавила Томпсон, пренесува порталот Healthybliss.
Таа повторно го направи истото.
Симптомите на алергија не се вратија, откри блогерката. Кромидот е богат со супстанции кои содржат сулфур, кои помагаат да се ослободи телото од токсините, тешките метали, особено од црниот дроб.
Исто така, ако ставите кромид на стапалата, ќе ги ублажите симптомите на настинка, вируси и треска, а она што е особено интересно е што кромидот ќе ги отстрани непријатните мириси и ќе ја прочисти крвта.
Ова исклучително здраво растение содржи силни антиоксиданси кои делуваат на холестеролот, спречуваат згрутчување на крвта, ги намалуваат симптомите на астма, хроничен бронхитис, помагаат во борбата против дијабетес, атеросклероза и инфекции.