Еди Рама си молчи,САД не го ни споменува,владата кулира,а Артан Груби спрема нов Гулаш?!

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Испораката на моментално бегалецот од правдата број 1 во РСМ Артан Груби,секако дека е во рацете на премиерот на Р.Албанија Еди Рама, но најповеќе од желбата на САД за негова испорака пред правдата во РСМ!

Почесениот конзул на Косово, Арсим Папранику ,кој бил „превозник“ на Артан Груби,пред македонската полиција јасно ја обзнанил целата рута на бегството на Артан Груби и неговата моментално крајна дестинација ,најголемиот туристички ресорт во близина на Драч „Хамалај “.Овој туристички комплекс бил оилена дестинација за купување на недвижности на полициско-бизнис елитата во време на Никола Груевски,а тука свој апартмани поседуваат голем број на поранешни и сегашни полициски функционери од РСМ,а голем дел од апартманите во „Хамалај“ се  во сопственост на функционери и членови на ДУИ и ВЛЕН.

Туристичкиот комплекс „Хамалај“ посебни е интересен и за западните безбедносни служби ,посебно е интересен за Европол, Интерпол ,а свој резиденти таму имаа и американската ДЕА,а посебен интерес службите појавуваат од фактот дека тука се сместува нарко мафијата од балканот.

Албанските безбедносни служби и покрај големината на „Хамалај“ ,во секое време им е познато кој им престојува во овој комолекс, и буквално невозможно е да не знаат ,дека токму во овој комплекс се појавил и Артан Груби,кој пате има и тесни блиски релации со Еди Рама.

Отворено се поставува прашањето ,дали МВР на РСМ размениле сознанија со албанското МВР,дали МВР на РСМ побарала детали за влез на Груби на граничните премини на Р.Албанија со Р.Косово,како и сознанијата кој ги добиле МВР на РСМ од почесениот конзул на Косово, Арсим Папранику ,кој бил „превозник“ на Артан Груби до крајната дестинација ,туристичкиот комплекс „Хамалај“?

Поминаа многу денови од бегството на Артан Груби,јавно се обзнани неговата локација во „Хамалај“,албанската полиција остана инертна на ваквиот податок од неразбирливи причини , повеќе од фактот дека истот е на „црна листа“ на САД, а Р.Албанија тесно соработува со САД и буквални е невозможна мисија Албанија да сокрие лице за кој САД пројавува интерес, секако доколку САД во меѓувреме не дал пречутен амин лицето да не се испорачува во Македонија.Историски наназад Албанија привела лица ,граѓани на РСМ,кој се барале со меѓународна потерница на Интерпол за ногу побанални криминални деанија, дали и овој пат се појави нов Груевски ,за кој странкиот фактор има желба да биде недостапен за органите на прогонот во РСМ и , дали се кува нов Гулаш во македонската политичка кујна?

С.Д.

Share This Article