Еден синпатизер на Левски избоден со нож

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно лице е потешко повредено, а вкупно 21 се упасени по нередите и физичките пресметки за време и по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје.

За насилство на спортски натпревар и физички напад на полициски службеници уапсени се 19 бугарски навивачи, а двајца навивачи на ФК Шкупи се лишени од слобода поради физичка пресметка.

„На 27.07.2023 година во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија Република Бугарија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот.
Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ – известуваат од МВР.

Пред почетокот на натпреварот, во Чаир дошло до физичка пресметка меѓу двете навивачки групи при што еден од навивачите на Лвески се здобил со тешки телесни повреди и е пренесе во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

„Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

Во врска со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18.38 часот е пријавено дека се случил на ул.„Цветан Димов”, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди, по преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави. Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски” и е во стабилна состојба“ – информираат од МВР.

Share This Article