More

    Еден од најжешките актери на денешницата, Остин Батлер е снимен на забавата по доделувањето на Оскарите како разговара со Шерон Стоун

    spot_img

    Еден од најжешките актери на денешницата, Остин Батлер (31) е снимен на забавата по доделувањето на Оскарите како разговара со Шерон Стоун. Инаку, Остин беше номиниран во категоријата главна машка улога за неговото маестрално портретирање на кралот на рокенролот Елвис Присли во филмот „Елвис“.

    Додека стоеле надвор од местото каде што се одржувала забавата на „Ванити фер“, Остин во раката го имал мобилниот на актерката и како да го запишувал својот број, пишува „Дејли мејл“.

    Остин и Шерон разговарале, а во еден момент покрај нив поминала поранешната девојка на актерот, Ванеса Хаџинс. Ванеса кратко погледната во Остин пред тој да погледне во својот телефон и избегнувала каков било контакт со очите со него додека одела пред него за да стаса до автомобилот.

    Девојката на Остин, топмоделот Каја Гербер, била видена како излегува со својата пријателка неколку минути подоцна. Инаку, Каја и Остин беа заедно на забавата на „Ванити фер“, која секоја година се одржува по церемонијата на доделувањето на Оскарите. Нив двајца ги нарекуваат совршена двојка.

     

    Ванеса и Остин беа во врска девете години, а раскинаа во 2021 година. Многумина на социјалните мрежи коментираа дека „срамота е што не се ни поздравиле на забавата“.

     

    ФОТО: Дејли мејл

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img