More

    Еден килограм фентанил е пронајден под подлога за спиење во приватна градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три биле пренесени во болница

    spot_img

    Еден килограм фентанил е пронајден под подлога за спиење во приватна градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три биле пренесени во болница.

    Едногодишниот Николас Доминичи бил во јасли во Бронкс само една недела, а починал во петокот поради сомневање за предозирање со дрога.

    Уште три деца биле примени во болница откако биле изложени на моќниот наркотик. Властите обвинија две лица за поседување и намера за трговија со дрога и убиство. Полицијата смета дека деца на возраст од осум месеци до две години вдишувале фентанил во детската соба. На децата кои завршиле во болница им бил даден лекот Наркан кој се користи во случај на предозирање со опиоиди.

    – За време на претресот во детската соба, полицијата пронашла килограм фентанил под душекот каде што спиеле децата – изјави главниот детектив на Њујорк, Џозеф Кени.

    Инспекторите,во градинката наводно, откриле и три уреди за пакување дрога, пишува Би-Би-Си.

    Сопственичката на градинката во Бронкс, Греј Мендез (36) и нејзиниот станар Карлисто Ацеведо Брито (41) се обвинети за поседување наркотици со намера да дистрибуираат што резултираше со смрт.

    – Тврдиме дека обвинетите шверцувале дрога од детската градинка каде што отруле три бебиња и убиле едно – изјави вчера американскиот обвинител Демиен Вилијамс.

    Надзорните снимки и телефонските записи покажуваат дека Мендез му се јавила на нејзиниот сопруг откако видела дека децата не се добро и дури потоа се јавила на 911. Нејзиниот сопруг дошол во градинката и од собата изнесол  неколку полни торби за пазарење, рекоа официјалните лица. Властите сѐ уште трагаат по нејзиниот сопруг.

    – Градинката е место каде што децата треба да бидат безбедни, а не опкружени со лекови кои можат да ги убијат за миг – додаде Вилијамс.

    Од полицијата велат дека дрогата пронајдена во градинката можела да убие и до 500.000 луѓе. Фентанил, синтетички лек против болки, е 50 пати посилен од хероинот.

    Адвокатот Мендез наведува дека неговата клиентка ги негира обвинувањата и дека не знаела дека во детската соба има дрога.

    – Таа изнајмуваше соба на некој што се занимава со фентанил, тоа е нејзиното единствено злосторство. Нема докази дека направила нешто друго освен правилно да се грижи за децата – изјави адвокатот.

    Властите ги приведоа осомничените без можност за кауција. Доколку бидат осудени им се заканува доживотен затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img