More

    Еден детал од спроведувањето на суд стана хит на интернет

    spot_img

    Вратата  од судницата каде Трамп во вторникот даде исказ на кратко се затвори пред неговото лице пред тој да влезе внатре. Овој детал од спроведувањето беше коментиран во видео на социјалните мрежи. Вратата не го допира Трамп и тој малку зачуден влегува, но тоа беше доволно да предизвика внимание.

     

     

    Трамп по давањето исказ се врати во својата луксузна вила во Мар-а-Лаго, а на своите поддржувачи кои го чекаа таму им рече дека „САД ќе одат по ѓаволите“.

    Поранешниот американски претседател се соочува со обвинение од 34 точки меѓу кое и дека наводно ја подмитил порноѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната афера во време на претседателската кампања во САД во 2016 година.

    Истражителите тврдат дека за да ги прикрие незаконските плаќања, Трамп фалсификувал деловни книги и додаваат дека неговиот мотив за извршување на кривичното дело фалсификување деловни книги бил делумно „промовирање на неговата кандидатура“.

    Секоја од 34-те точки од обвинението против Трамп се однесува на конкретен запис во деловните книги на Организацијата Трамп, се наведува во обвинението. Се наведува дека плаќањата биле маскирани како правни услуги или како адвокатски такси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img