Еден Американец и двајца Украинци ги загубија животите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тројца новинари се убиени, а повеќе од 30 се ранети во Украина од почетокот на руската инвазија, изјави денеска Људмила Денисова, претставник за човекови права во украинскиот парламент.

– Најмалку 35 новинари се повредени“ од руските сили, а тројца од нив се убиени – објави Денисова на нејзиниот профил на Телеграм.

Американецот Брент Рено беше застрелан во неделата во северозападното предградие на Киев. Другите двајца убиени новинари се Украинци. Станува збор за Евгени Сакун, кој загина во гранатирање на ТВ кула во Киев и Виктор Дудар, кој загина во близина на Николаев.

Меѓу повредените новинари има Швајцарци, Чеси, Данци и Британци.

Share This Article