Италијанската влада ја удвои рамната стапка на данок на странските приходи на новите жители, нанесувајќи им удар на богатите странци кои сакаат да ја избегнат можноста за повисоки даноци на друго место во Европа.
Годишниот рамен данок на странските приходи за новите даночни жители во Италија сега е на 200.000 евра, од претходните 100.000 евра.
Даночната стапка, позната како данок на милијардер или „шема на фудбалери“ предвидува новодојдените богаташи 15 години да бидат ослободени од данок на приходи остварени во странство, подароци и наследство. Стимулативниот данок важи и за Италијанците кои се враќаат во земјата кои живеат во странство повеќе од девет години.
Стимулацијата е воведена во 2017 година, а до 2024 година во државната каса влегле 254 милиони евра. Досега ја искористиле најмалку 2.730 мултимилионери, како што се приватни директори, олигарси и претприемачи, кои се населиле во Италија, главно во Милано каде што придонесоа за висок раст на цената на недвижнините и зголемување на трошоците на живот на останатото население.
Министерот за економија Џанкарло Џорџети изјави дека Италија сега се противи на идејата да се натпреварува со други земји за привлекување на супербогатите нудејќи „фискални услуги“.
Владата се надева дека овој потег, исто така, ќе помогне да се зголемат даночните приходи и да се намали големиот буџетски дефицит.
Да потсетиме дека Рим се бори со буџетскиот дефицит, кој минатата година достигна 7,4% од бруто домашниот производ, што е значително над целта од 3% од БДП за земјите-членки на ЕУ.
фото: МИА