Двојка од Белгија со Југо 55 патува низ Европа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Романката Лаура и Португалецот Хозе од Брисел тргнаа на пат со Југo 55, минувајќи низ поранешните југословенски републики.

Тие купија Југо во Истра минатата година, па го реставрираа и потоа дојдоа на идеја да одат од Белгија кај поранешниот сопственик и да ја покажат својата работа, објаснуваат тие во видео за Радио Слободна Европа.

– Нашето патување во Истра некако се разви во мал круг околу поранешна Југославија. Отидовме од Љубљана преку Загреб до Белград. Вчера бевме во Крагуевац, каде што се произведуваше Југото, па на некој начин го вративме дома – вели Лаура.

Мостар и Сплит им биле попатни станици на патот кон Истра. Радиото е едниствениот новитет во Југото во однос на претходната опрема.

За време на патувањето тие слушаат екс-ју рок, иако не го разбираат текстот.

– Многу добро оди со автомобилот. Внатре е прилично бучно, особено кога се движите над 100 километри на час. Од Луксембург, Австрија, Германија и особено во поранешна Југославија, луѓето мавтаат кога ќе го видат Југото. Тие се прилично изненадени – објаснува Жозе.

Со 148.000 километри на километражата, Југото одлично се покажало на германскиот автопат.

„Тргнавме на автопатот затоа што сакавме да го тестираме југото таму и беше беспрекорно. Поминавме низ секакви временски услови, дождови, сонце… – вели Лаура.

– Се чувствувавме добредојдени насекаде, од Љубљана, Загреб, Белград, Крагуевац и сега Сараево. Затоа веќе сакаме да се вратиме повторно бидејќи сите се добри со нас. И тоа се единствените места каде што радиото работи беспрекорно. Автомобилот се чувствува како дома – заклучила двојката која во колекцијата има и Citroen 2CV, Trabant и Lada Niva.

Share This Article