Лекарите во североисточниот дел на Перу му го спасиле животот на двегодишното момче кое проголтало осум медицински игли.
Дури кога влеговме во операционата сала и го отворивме неговиот стомак, откривме метални предмети и сфативме дека се работи за игли“, изјави д-р Ефраин Салазар.
Локалните медиуми објавија дека иглите биле користени за вакцинирање на животните на фармата каде работи мајката на момчето.
Семејството живее во земјоделската област Таратопу, на околу 622 километри од главниот град Лима.
Можеби ги голтнал додека си играл“, рекла мајката.
Момчето по операцијата е надвор од животна опасност, јавуваат медиумите.