Двегодишно и тригодишно дете утринава околу 8 часот и 20 минути загинаа во страотен пожар во местото Стара Моравица во Војводина во Србија. Плач и лелек се слушале на улицата од куќата каде тие живееле со нивниот татко, пишува Телеграф.
Се чека извештајот на полицијата. Според досегашните изјави од соседите пренесени од српските медиуми во куќата живееле вкупно осум деца. Четири од децата биле на училиште, две успеале да излезат од куќата, а две останале заробени. Таткото скокнал од прозорец за да се спаси.
– Двете најмлади деца најверојатно се задушиле во сон – вели сосед кој наведува дека пожарникарите го изгаснале пожарот набргу по нивното пристигнување.
Според него, за среќа, поголемите деца успеале сами да излезат и да се спасат од сигурна смрт.
– Не знам точно колку деца имаaт, осум или девет, но знам дека сите се на меѓусебни услови. Слушнав дека Д.И. бил сам со децата и никој не знаел каде е мајката на тие деца. Очаен сум затоа што мораше да се случи вакво нешто бидејќи тие родители воопшто не се грижеа за тие деца. Се зборува дека Д.И скокнал од прозорец за да се спаси и дека не сакал да се врати да ги земе најмалите деца – вели сосед на семејството.