More

    Две златни „бубамари“ за Миха, Стаси, Филип и Кики од „Дајте музика“

    spot_img

    Како манифестација за најдобрите и најпопуларните медиумски проекти во земјава, која годинава се одржа под мотото „Да живнеме“, „Златна Бубамара на популарноста“ додели две статуетки за идолите на новите генерации од проектот „Дајте музика“: еден за најпопуларна детска серија и една за најпопуларен тинејџерски хит за 2021 година.

    Миха, Стаси, Филип и Кики на сцената на „Златна Бубамара на популарноста“ прв пат застанаа во февруари 2020 година. Оттогаш, како што и самите истакнаа, многу работи се сменети. Освен што се пораснати, тие за наградата рекоа:

    – Снимивме вкупно 90 епизоди од серијалот, ја претставивме Македонија на јуниорскиот Евросонг борејќи се за планетата Земја, а спремаме и голем спектакуларен концерт на 27 мај .

    Наградите ги посветија на целиот тим големи и мали од „Дајте музика“, нивната публика која постојано ги следи на програмите на „Македонската телевизија“ и нивните фанови кои повеќе од 49 милиони пати го посетиле каналот на „Дајте музика“ на Youtube .

    Концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на 27 мај на стадионот АРМ во Скопје во организација на „Авалон продукција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img