More

    Две жени убиени во напад на Белгород, цивилите бегаат во прифатните центри

    spot_img

    Двајца цивили загинаа, а двајца се ранети во украински ракетен истрел во руската област Белгород на границата со Украина, изјави во петокот гувернерот на тој регион, кој деновиве постојано беше цел на украинските сили.

    „Парчиња гранати погодија автомобили кои минуваа. Во едната имало две жени (…) кои починале на местото на настанот“, напиша Вјачеслав Гладков на Телеграм.Тој рече дека проектилите паднале на патот во селото Маслова Пристањ, на неколку километри од Шебекин, на границата со Украина, кое е под интензивен напад оваа недела.

    „Во вториот автомобил се ранети двајца мажи. Едниот го погодил шрапнел во градите, а другиот во нозете“, додаде Гладков и рече дека во болница се донесени во тешка состојба.

    Според гувернерот, под украински оган биле и други места во таа област, каде што немало жртви, но била причинета материјална штета.

    Ден претходно руската армија објави дека со помош на артилерија и авијација одбила уште еден украински копнеен напад врз областа.

    Поради се пожестоките напади, жителите бегаат од бомбардираните области во привремени засолништа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img