Две жени, соселанки, се степале вчера во казино во кочанското село Зрновци, соопшти полицијата.
„Г.Т. (39) пријавила дека во казино во село Зрновци, кочанско, околу 04:30 часот била физички нападната од Т.Ј. од истото село“, се вели во кусото полициско соопштение.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.