More

    Две жени на 52-годишна возраст најверојатно се затруле со гас во кујна во Штип

    spot_img

    Две жени на 52-годишна возраст најверојатно се затруле со гас во кујна во Штип. Тие денес биле примени во штипската Клиничка болница, а потоа препратени во Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза” во Скопје.

    Пациентките С.К. и С.Ш. се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Одделот за интензивна нега со стабилни витални параметри и надвор од животна опасност, велат медицински извори.

    Инцидентот е пријавен денеска околу пладне во СВР Штип, а според пријавеното, ним им се слошило додека биле на работа во кујна за подготовка на храна, по што биле пренесени во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител, а увидот е во тек, велат од СВР Штип.

    Од Токсикологија, пак за ТВ 24 брифирале дека жените се надвор од животна опасност, контактибилни и стабилни, но и дека немаат знаци на труење со гас. За што всушност станува збор и дали навистина имало труење со гас, треба да покаже истрагата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img