Лекар од ЈЗУ Здравствен Дом Ресен вчера пријавил во ОВР Ресен дека во село Езерани, ресенско имало повредено две девојки М.Н.(20) и Е.Н.(22) од село Езерани кои се обиделе да стартуваат мотор, при што паднале и се здобиле со телесни повреди.
Во СВР Битола вчера било пријавено дека на ул. „11-та Македонска дивизија” во Битола Н. Д.(69) од село Штрбово, ресенско, додека го управувал своето патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки, возилото се запалило, а Н.Д. го изгасил пожарот. Повредени лица нема, информира СВР Битола.