Додека шефот на руската разузнавачка служба СВР Сергеј Наришки за руските медиуми обзнани дека има информации дека Франција планира да распореди 2.000 војници во Украина, еден француски полковник објави две сценарија за како и каде може тоа да се случи.
Полковникот Винсент Арбаретје за француската телевизија ЛЦИ истакна дека распоредувањето долж реката Дњепар која ја дели Украина на два историски дела е од големо стратешко значење. Трупите би можеле преку реката да го набљудуваат движењето на непријателот и да ја постават одбраната.
Арбаретје предложи и второ сценарио кадешто Французите би се распоредиле долж границата меѓу Украина и Белорусија.
Во првиот случај, смета полковникот, распоредувањето ќе ѝ ја покаже на Руската Федерација „црвената линија“ – дека не треба да влегува на територијата на десниот брег на Украина. А нивното поставување долж границата со Белорусија ќе го обезбеди Киев.
Арбаретје исто така дозволува мешана опција со раскестување сили на двете од овие локации. Според него, целта не е да се формира континуирана линија, туку да се распоредат посебни единици способни за брз одговор.
– Ова нема да биде провокација. Ова ќе ни овозможи да ја принудиме Русија на преговори, пристапувајќи од позиција на еднаквост. Ние сме нуклеарна сила, нашите војници можат да бидат распоредени многу брзо, особено за да го заштитат Киев – рече тој.