Две лица загинаа во поплавите во Италија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
An aerial view shows a flooded area after heavy rains hit Italy's Emilia Romagna region, in Massa Lombarda, Italy, May 2, 2023. Vigili del Fuoco/Handout via REUTERS ATTENTION EDITORS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. DO NOT OBSCURE LOGO.

По обилните дождови, Италија е зафатена и од поплави, кои однесоа два животи.

Италијанските региони Емилија-Ромања и Марке и понатаму се зафатени од силно невреме и поплави. Поплавите однесоа два животи.

Во Форли, Емилија-Ромања, маж почина откако се удави во приземјето од својата куќа, откако реката Монтоне се излеа од коритото. Спасувачите ја спасиле неговата сопруга. Постар човек загина во Ронта, во близина на градот Чезена, каде што се поплави реката Савио. Неговата сопруга се уште се води како исчезната.

Најмалку 900 луѓе мораа да бидат евакуирани во Емилија Ромања поради поплавите во вторникот, јавува денеска италијанската новинска агенција Анса. Возовите меѓу Форли, Римини и Равена се прекинати.

Само во Емилија Ромања од вторникот наутро пожарникарите интервенирале 600 пати, а на теренот имало 400 пожарникари. Спасувачите на безбедно им помогнаа на луѓето кои не можеа да ги напуштат домовите поради поплавите и на возачите кои останаа заглавени на поплавените патишта. Во Чезена спасија десетици луѓе заробени на покривите од нивните куќи.

Свлечиштата предизвикуваат проблеми во регионите Марке и Абруцо, а во венецијанската лагуна е пуштен во употреба системот за бариера од поплави Мозе.

Властите во Болоња денеска издадоа предупредување поради опасност од поплави во делови од градот, предупредувајќи ги жителите да не остануваат во подрумите и приземјето на зградите, туку да се повлечат на повисоките катови. Тие, исто така, ги советуваа луѓето да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа е апсолутно неопходно.

Италијанскиот премиер Џорџо Мелони ја изрази својата солидарност со луѓето во погодените региони за време на поплавите. „Владата внимателно го следи развојот на настаните и е подготвена да ги преземе неопходните мерки за да помогне“, напиша таа на социјалната мрежа Твитер.

Share This Article