Две лица загинаа откако брод удри во мост на воден пат во делтата на реката Перл во близина на градот Гуангжу во Кина. Ударот предизвикал уривање на дел од мостот, од кој автомобилите паднале во реката, јавија кинеските државни медиуми.
Администрацијата за поморска безбедност во Гуангжу на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека бродот патувал од градот Фошан до јужната област Гуангжу.
Од мостот излегле четири возила и електричен мотоцикл. Две возила, меѓу кои и автобус, паднале во водата, а три други возила завршиле на бродот.
Градските власти испратија спасувачки персонал на местото на настанот, вклучително и шест нуркачи и чамци за спасување.
Властите ги истражуваат причините за несреќата, а информациите за жртвите се проверуваат.
Локалните власти за медиумите изјавија дека жителите во близина се евакуирани и дека сопственикот на пловилото е приведен.