Две млади лица загинаа во несреќа што се случи на митингот во белгискиот регион Кондро, во близина на градот Ванц. Несреќата се случила кога тркачки автомобил излетал од патеката и удрил во група гледачи. Во таа прилика загинаа 16-годишно девојче и 18-годишно момче, а повредени се 11 лица.
„Експертот рече дека патот е лизгав“, изјавија за AFP од обвинителството во Лиеж.
Возачот и сопатникот направиле алкотест кој бил негативен, а истрагата ќе се фокусира на тоа дали жртвите биле во зоната дозволена за јавноста.
Митингот беше прекинат поради трагедијата, а откажана е и завршната етапа и доделувањето.