Две лица се убиени во престрелка што се случила во кафеана во Клина, јавија приштинските медиуми.
Обвинителката на Основното обвинителство на Пеќ, Сахиде Гаши се огласи од местото на убиството, и кажа дека жртвите се млади. Осомничениот е уапсен.
Настанот кој вечерва го шокираше цело Косово, обвинителот го оквалификува како „трагичен случај“.
– Трагичен случај во кој животите ги загубија двајца млади. Немаме детали што можеме да ги кажеме, и натаму собираме докази и го испитуваме местото на настанот. Телата на починатите ќе бидат испратени на обдукција. Осомничениот исто така е млад е уапсен, благодарение на брзата реакција на полицијата – рече Гаши.
Прашана за мотивот за двојното убиство, Гаши рече:
– Рано е да се даваат информации за мотивот.