More

    Две лица се пронајдени мртви во пожар во централна Грција

    spot_img

    Две лица се пронајдени мртви во шумски пожар што неконтролирано беснее во планинска област во централната грчка провинција Коринт, соопштија грчките власти.

    Стотици пожарникари и девет авиони се бореа со пожарот што избувна во неделата во близина на крајбрежниот град Ксилокастро на полуостровот Пелопонез, на околу 120 километри западно од Атина. Поради пожарот неколку села се евакуирани.

    Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду рече дека пронајдените тела се изгорени и дека се потребни лабораториски тестови за нивно идентификување.

    Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека е отворена истрага за случајот.

    Грција се соочи со најжешкото лето оваа година по најжешката зима досега, при што големи области добија малку или без дожд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img