Две лица се приведени за киднапирање на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава Макфакс од извори во Кривичниот суд.

Се чека судија да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.

МВР во дневниот билтен на 5 март објави дека е исчезнато 26-годишно лице.

„На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информира МВР.

Исчезнувањето на момчето го пријавил неговиот брат. Се стравува дека 26-годишникот е киднапиран, затоа што излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево и потоа му се губи трагата.

На социјалните мрежи беше објавен апел за помош од граѓаните, а според нив, Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада, објава која набрзо беше повлечена.

Share This Article