Две лица добија кривични пријави за злоупотреба на службената положба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата од Велес поднесе кривични пријави против две лица затоа што за пари, со прекршување на законите, им делеле македонски државјанства на лица од Турција. Вработен во Управата за матични книги посредувал за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од секое од нив земал по 400 до 800 евра. Тој изработувал изводи од родени и примал барања за држајанство, кои ги доставувал кај второпријавената, вработена во Министерството за внатрешни работи.

„СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и против 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра“, соопшти велешката полиција.

На тој начин бил оштетен државниот буџет, се додава во соопштението.

„А.С., вработена како советник за државјанства во МВР, ги примала барањата за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот“, се вели во соопштението на полицијата.

Share This Article