Две ирански новинарки добија затворски казни поради „соработка“ со непријателот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Две ирански новинарки осудени се на неколку години затвор поради „соработка“ со американската влада, објавија денеска локалните медиуми.

И двете се во затвор веќе една година по нивното известување за смртта на Махса Амини, активистката за слобода и права на жените, додека беше во полициски притвор во септември 2022 година.

Нилуфар Хамеди, која ја објави веста за смртта на Амина, и Елахе Мохамади, која пишуваше за нејзиниот погреб, се осудени на седум, односно шест години затвор.

Револуционерниот суд во Техеран ги обвини за „соработка со непријателската американска влада“, „заговор против националната безбедност“ и „пропаганда против системот“. Осудените ирански новинарки можат да се жалат на првостепената пресуда во рок од 20 дена.

Нилуфар Хамеди работеше за реформистичкиот весник Шарг, додека Елахе Мохамади е новинарка на Хам-Михан. Во мај годинава Обединетите нации им доделија награда за слобода на печатот „за нивната посветеност на вистината и одговорноста“.

Смртта на Махса Амини предизвика повеќемесечни протести во десетици градови низ Иран. Демонстрациите претставуваа еден од најсериозните предизвици за Исламската Република.

Од почетокот на протестите, според активистите за човекови права во Иран, најмалку 529 луѓе се убиени во демонстрациите. Се проценува дека властите привеле повеќе од 19.700 луѓе.

Share This Article