Двапати го судат за нацистичка парола, а победи на избори на истокот на Германија

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Професорот по историја кој по вторпат е на судење поради наводно користење забранети нацистички пароли, може да им ја помати водата на германскиот канцелар Олаф Шолц и на левицата во Германија. Бјорн Хоке(52), шеф на покраинскаата пратеничка група во Тирингија на  екстремно-десничарската Алтернатива за Германија(Афд)освои историска победа на локалните избори во недела со 32,8% освоени гласови.

Германскиот весник „Шпигел“ го нарече Хоке вистински шеф на партијата во 2022 година. Хоке во два наврати изјави нема поим дека слоганот „Сите за Германија“ бил забранет. Тоа е слоган на нацистичките единици „Штурмбатајлунг“ (СА) од времето на Адолф Хитлер.

Партијата АфД нема голем коалициски потенцијал. Останува нејасно кој ќе ја формира владата во покраината Тирингија во Источна Германија.

На 14 мај, Бјорн Хоке беше осуден во регионалниот суд во Хале на парична казна од 100 дневници од 130 евра, бидејќи во мај 2021 година говорот во Мерсебург во покраината Саксонија-Анхалт го заврши со забранетиот крик.

Пресудата не стана правосилна, а на крајот на јуни му беше судено пред истиот судија и истиот обвинител за повторување на тој крик на митингот на АфД во Гера во Тирингија во декември 2023 година. Околу 350 собрани зад него скандираа: „Германија , Германија!”

Тој бил „шокиран“ од првата пресуда, пишува Шпигел, а судењето го нарекол фарса.

– Знам дека ќе бидам осуден, но за мене ова веќе не е уставна држава, тоа морам да го кажам многу јасно – изјави Хоке.

Огранокот на АфД кој го води Хоке во покраината Тирингија беше класифициран како екстремистички од страна на внатрешната служба на Германија.

Скандалот со слоганот „Сите за Германија“ избувна во 2017 година, кога политичар на АфД нарача слоганот да се испечати на плакатите на кампањата за сојузните избори. Три години подоцна, еден пратеник во Саксонија-Анхалт го искористи за време на претстава.

- Advertisement -
Ad image

На Јутјуб има видео од говор во Гера, во кој Хоке зборува за „преселување“ и конкретни планови за протерување на луѓето од Германија. Потоа го спомнува судскиот процес против него и вели:

– Сè за… – и молчи додека некој од публиката не извика: „Германија!“, а Хоке се насмевнува.

По една деценија тестирање на границите на дозволеното, Хоке веќе ни самиот не ги поместуваше. Толпата го направи тоа за него, пишува Њујорк Тајмс.

- Advertisement -
Ad image

Весникот го нарече човек кој подготвува терен за екстремистичка Германија, туркајќи го мејнстримот кон екстремната десница. Критичарите го сметаат не само за предизвик за политичкиот поредок, туку и за закана за самата германска демократија.

Неговите поддржувачи го гледаат како борец за слободата, додека критичарите велат дека тој работи на дестигматизирање на нацистичкото минато на Германија.

Хоке е роден во семејство на источна Прусија. Од таа област беа милионите Германци кои избегаа од Црвената армија и најдоа засолниште во Западна Германија. Како наставник по историја и физичко образование, во 2003 година почна да објавува написи во колумни во весници за писма од читатели, во кои го релативизира, на пример, холокаустот.

Исто така, снимено е дека Хоке учествувал на неонацистички митинг во 2010 година.

Тој се преселил во Тирингија во 2013 година и помогнал да се основа огранок на АфД. Меѓу другото, тој ја критикува германската политика на меморија, според него, справувањето со нацистичките воени злосторства и холокаустот ја искривиле историјата засенувајќи ги другите германски искуства.

– Нема повеќе германски жртви, останаа само германските сторители – рече тој во 2017 година.

Тој ги нарече соработниците на поранешната канцеларка Ангела Меркел „Тат-елита“, како што се нарекуваа офицерите на СС. Тој постојано се прашуваше зошто Германците сè уште го избегнуваат терминот „Lebensraum“, терминот за „простор за живеење“, збор што нацистите го користат за експанзија во Источна Европа.

Тој исто така го нарече споменикот на холокаустот во Берлин „споменик на срамот“ и во една прилика рече дека е проблематично „што Хитлер е претставен како персонификација на апсолутното зло“.

Share This Article