More

    Дванаесетгодишната Луиза, кој беше пронајдена мртва во неделата наутро во близина на нејзиниот дом во германското село Фројденберг кај Келн, е убиена од две свои другарски поради кавга на Тик-ток

    spot_img

    Дванаесетгодишната Луиза, кој беше пронајдена мртва во неделата наутро во близина на нејзиниот дом во германското село Фројденберг кај Келн, е убиена од две свои другарски поради кавга на Тик-ток – пишува германскиот портал Фокус онлајн.

    Телото на девојчето беше пронајдено на самата граница меѓу сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, на запад од Германија. Домот на убиената се наоѓа во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Најпрво полицијата се сомневаше за сексуален престап, но обдукцијата не ги потврди овие сомнежи.

    Луизa исчезна во саботата додека си одела дома од кај другарка ѝ. Била пријавена за исчезната бидејќи не дошла дома, а не се јавувала ниту на својот мобилен телефон. Беше започната потрага во која учествуваа поголем број полициски службеници. Нејзиното тело беше пронајдено во неделата во шумата во близина на железничкиот тунел.

    Како што дознава Фокус онлајн, мотивот за убиството е одмазда. Наводно трите девојки се скарале на ТикТок. Имено, жртвата се исмевала со една од двете девојки кои ја убиле. На кој начин – останува нејасно.

    Шпигел пишува и дека откако ја убиле Луиза, девојките отишле дома и ги повикале нејзините родители и се преправале дека не знаат каде е и дека се загрижени за неа. На социјалните медиуми споделувале информации од потрагата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img