More

    Двајца загинати, илјадници без струја по силниот земјотрес во Калифорнија

    spot_img

    Две лица загинаа, најмалку десет се повредени, а десетици илјади останаа без струја, а нивните домови беа оштетени по силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди северниот брег на Калифорнија.

    Како што јавува Гласот на Америка, епицентарот на земјотресот бил на околу 350 километри од Сан Франциско, во руралното подрачје на округот Хумболт.

    Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Хумболт.

    Њусом ги повика државните служби да ги преземат неопходните мерки за да обезбедат поддршка на локалните заедници, се вели во соопштението.

    Овој регион е познат по релативно честите земјотреси, но овој најнов предизвика поголем прекин од вообичаеното.

    Дваесетина куќи беа толку оштетени што беа прогласени за небезбедни за живеење. Повеќето од нив беа во Рио Дел, град со околу 3.400 жители кој претрпе најголема штета.

    Околу 79.000 згради низ округот веднаш по земјотресот останаа без струја, а привремено беше прекинато и водоснабдувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img