Во текот на 2020 година, Дмитро Бојко (42) и Олександр Зајцев (61) и уште пет други државјани на Украина користеле различни софистицирани компјутерски алатки и програми и пристапувале до банкоматите на руската Сбербанк на 24 локации. Во овие операции со измама зеле поголеми суми, во износ од околу 1,3 милиони евра, извести жупаниското обвинителство во Тузла.
Бојко и Зајцев беа уапсени во областа на Бихаќ во февруари 2020 година и оттогаш се во притвор. Според соопштението, Врховниот суд на Федерацијата Босна и Херцеговина донел правосилна пресуда со која двајцата се осудени на вкупно шест години и десет месеци затвор. Во нивната казна ќе биде вклучен и периодот поминат во притвор од 2020 година, наведуваат во соопштението.
При вршењето на последното казнено дело, дуото неовластено подигнало околу 50.000 евра од банкомат на Сбербанк, која во меѓувреме по руската агресија врз Украина го променила сопственикот. Тие пари се одземени и вратени на сопствениците.
Жупаниското обвинителство на округот Тузла, во соработка со Федералната полициска управа и други полициски агенции во Босна и Херцеговина, спроведе истрага против седум Украинци. Со оглед на тоа што петмина не се достапни за правосудните органи во Босна и Херцеговина, ова кривично гонење им е предадено на украинските полициски агенции и тамошните правосудни институции.