Двајца туристи од Хонг Конг се изгубиле на Матка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Двајца туристи, жители на Хонк Конг, се пронајдени два часа откако се јавиле дека се изгубени во кањонот Матка.

Вчера доцна попладне, во 18.10 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК помош побарале двајца туристи, жители на Хонк Конг кои се изгубиле во кањонот Матка, во реонот на средновековниот манастир „Свети Никола Шишевски“. Тие биле пронајдени и спасени од тим од Полициската станица Сарај за два часа од нивното јавување, во 20.15 часот.

Двајцата туристи го реализирале повикот за помош до бројот 112 од мобилен без картичка, координатите не било можно да се одредат во овој случај, мрежата била со слаба јачина на сигнал, но можело да се разговара. Информирале на англиски јазик дека се изгубени и без ориентација каде се, кажале дека се опкружени со високи ридови и дека имаат минимално храна и вода.

Дежурниот оператор на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, бил подолго време во комуникација со нив и ги координирал да пронајдат нешто бележито во нивната околина. По пронаоѓањето на знак на патека за манастирот „Свети Никола Шишевски“, дежурниот оператот од 112 во ЦУК им посочил да престанат да се движат и да останат до знакот на патеката. Потоа, веднаш координирал со МВР за нивно пронаоѓање и извлекување на безбедно. Тим од Полициската станица Сарај брзо излегол на терен и ги пронашол, според описот на локацијата каде бил знакот за манастирот, по што се извлечени на безбедно здрави и живи, во 20.15 часот, два часа од нивното прво јавување.

Share This Article