Двајца српски тинејџери се убиени во понеделникот во Копенхаген кога од непознати причини биле нападнати од група млади мажи.
Петар Стешевиќ е прободен со нож во срцето, а на Н.Ш. напаѓачите му го пресекле грлото, додека Данецот со кога тааа вечер биле излезени, поминал со убодни рани во ногата“, пренесуваат локалните медиуми.
Петар бил блиску до дома кога се случил нападот. За нападот врз младите момчиња е осомничен 17-годишен Пакистанец, кој наводно пред судот изјавил дека се работело за самоодбрана.
Таткото на убиениот 17-годишен Ненад вели дека се работи за момчиња кои никогаш не правеле проблеми. „Петар се занимаваше со спорт, ние сме патријархално семејство, така ги воспитав моите деца.
– Роден сум во Котор, во Данска дојдов пред 25 години – вели тој за Телеграф, додавајќи дека неговиот син и неговиот убиен пријател биле заедно од градинка.