Според првичните информации, двајца работници се удавиле во каналот на пепелта на термоцентралата „Колубара“ во Велики Црљени, дознава РТС во ЕПС.
Во прашање се работниците на компанијата која се занимава со одржување на зелените површини и патишта во термоелектраната „Колубара“ во Велики Црљени, додава РТС.
Полицијата е на лице место и увидот е во тек.