Вчера, на Денот на трудот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(42) од Прилеп затоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.
Истиот ден, во ОВР Прилеп, уште една 39-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг М.И.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР-Битола.