More

    Двајца познати Руси го обвинија рускиот режим

    spot_img

    Двајца познати Руси, шахистот Гари Каспаров и уредникот Дмитриј Муратов денеска изјавија дека рускиот режим е одговорен за смртта на најголемиот критичар на Кремљ Алексеј Навални, додека познатиот писател Борис Акунин рече дека Навални станал бесмртен.

    Противникот на Кремљ и поранешен светски шампион во шах Гари Каспаров рече дека Владимир Путин го убил Навални „СПОРО и јавно“.

    „Путин не успеа брзо и тајно да го убие Навални со труење, па полека и јавно го уби во затвор. Навални беше убиен затоа што ги разоткри Путин и неговата мафија како измамници и крадци какви што се тие“ – напиша славниот руски шахист.

    Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов ја прогласи смртта на Навални за „убиство“ и нагласи дека затворските услови довеле до тоа.

    Муратов беше уредник на независниот медиум Новаја Газета, кој престана да се објавува по руската инвазија на Украина, а тој во Русија беше прогласен за „странски агент“. Муратов ја продаде Нобеловата награда на аукција за 103,5 милиони долари, велејќи дека тие средства ќе ги донира на децата бегалци во Украина.

    Писателот Борис Акуњин рече дека Навални „станал бесмртен“ и дека тој сега е уште поопасен за Путин.

    „Убиениот Алексеј Навални ќе биде поголема закана за диктаторот од живиот Алексеј Навални. Диктаторот веќе не може ништо против него, Навални стана бесмртен. На крајот, тој ќе го закопа Путин“ – напиша Акуњин, кој е во егзил од 2014 година.

    Леонид Волков, еден од најголемите сојузници на Навални, во петокот предупреди да не се верува во државна пропаганда.

    „Навални не само што умре. Путин го уби. Тие лажеа, лажат и ќе лажат“ – напиша Волков на Телеграм.

    Тимот на Навални соопшти дека не добил потврда за неговата смрт и виделе само општи соопштенија од локалните судски власти, пренесува Ројтерс.

    Адвокатот на Навални објави дека тој бил на пат за затворската колонија ИК-3 во Арктичкиот круг, каде што починал неговиот клиент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img