Двајца починати и 83 заболени од ковид-19

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За двајца починати и 83 заболени од ковид-19 информира денеска Министерството за здравство.

Направени се 1.430 тестови, а регистрираните нови случаи се во Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар по 3, Прилеп, Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица по 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар по 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани се 79 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани 2 починати лица од Скопје (78) и Струмица (62), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 28.04 – 12.05.2022 година.

Досега во земјава се дијагностицирани 310.942 лица, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 535. Во Скопје има 309 активни случаи, а во девет града нема заболени.

Share This Article