Персоналот на хотелот во Буенос Аиерес, каде што британскиот пејач Лиам Пејн трагично почина по пад од третиот кат, е под истрага поради сомнение дека на пејачот му набавувал тешки дроги во деновите кои претходеле на неговата смрт. Вработени во хотелот, односно двајца мажи, се обвинети за криумчарење на разни наркотици во апартманот на Лиам во хотелот „КасаСур“ во луксузниот кварт Палермо, пишува „Дејли мејл“.
Се верува дека собар и уште еден член на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лиам по неговата смрт. Се претпоставува дека управата на „КасаСур“ била свесна за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.
Детективите исто така ги испрашувале вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот.
„Во хотелот имало двајца мажи кои го снабдувале Лиам со дрога“, открил близок пријател на Лиам Пејн. „Праќаа такси да земат пакети за него. Еден од тие мажи работеше во одделот за чистење. По смртта на Лиам забележале дека едно такси било испратено на домашната адреса на вработениот. Менаџерот на хотелот го прашал зошто таксито отишло до неговата домашна адреса, а кога не можел да даде објаснување, добил отказ“, додал тој.
„Лиам правеше сè за да остане чист, но штом пристигна до хотелот, овие луѓе му нуделе алкохол и дрога“, истакнал пријателот на Лиам.
Да потсетиме, полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн е „во целосен неред“ и дека бројни предмети „биле скршени и расфрлани“. Во соопштението за медиумите се наведува и дека во внатрешниот двор на хотелот, каде што е пронајдено телото на пејачот, биле пронајдени и шише виски, запалка и мобилен телефон.
Лијам Пејн почина на 31-година, по пад од третиот кат на хотелот.