More

    Двајца дилери од Тетово заработија 30 дена притвор

    spot_img

    Двајцата тетовци кои биле приведени за пронајдена марихуана и за тоа што оштетиле полициско возило, вчера добија мерка притвор. Според информациите од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово им определил мерка притвор од 30 дена на А.Ј. и на С.К. на возраст од 27 и 23 години.

    – Тие вчеравечер, околу 19 часот и 40 минути, биле лишени од слобода на локалниот пат Тетово – Ѓермо, откако им била пронајдена и одземена марихуана. Пред да бидат лишени од слобода, не запреле на знак даден од полициските службеници и со нивното возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, удриле и го оштетиле службеното возило на СВР Тетово – информираат од тетовската полиција.

    Поради мерката притвор, двајцата осомничени тетовци ќе бидат спроведени во Казнено – поправната установа Затвор – Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img